одвај (прил.) - ѝ (зам.)

Прстите во скутот одвај ѝ мрдаа, небаре отсечени од рацете, како да се откажале од секаква работа освен да ги собираат солзите од збабеното лице.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во такви моменти не сакаше никој да му влегува во ателјето, па и жена му, а и кога ќ е влезеше тој само мигум и само со крајчето на окото ќе фрлеше поглед натаму, без најмал напор ниту пак желба да го препознае онега што влегол; а не пак да му прозбори или да му отпоздрави.  Но овојпат, спротивно на нејзиниот навик, упадна жена му среде разгорениот оган на неговата творечка работа, И без да му остави и миг за да се сврти кон неа, прозборе со глас што одвај ѝ излезе од грлото: „На Нако му се слошило!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одвај ѝ се слушна гласот, небате воздишка: „Јас сум Теми, Темјана, од единаесеттиот. Над тебе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)