одвај (прил.) - успее (гл.)

Одвај успеа да се сврти на колк.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги грабна кофите и одвај успеа да му дофрли на својот другар: - Манукот, манукот е долу!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силите го напуштиле и тој одвај успеал да се добере до една камена пештера.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури во доцните ситни часови Светлана и Анѓа одвај успеаја да ја прекинат трката кој ќе испие повеќе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред зори одвај успеа да ги собере расфрланите зборови и да состави логична реченица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ќерко, бери памет, знаеш дека одвај успеав да го убедам...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одвај успеа да исплива и на коленици да стаса до брегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве го брат ми. Божем одвај успеал да дојде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Затоа Шатев одвај успеал да го земе својот пасош од сопственикот и да го напушти хотелот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Динамитот навистина пристигнал со еден руски брод во Цариград, но поради недоволно внимание бил откриен од полицијата и конфискуван, а Козаков одвај успеал да се спаси како руски поданик.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Жива е! - одвај успеа да прошепне Бојан. - Што да правиме?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доктор Коста неколкупати ги креваше рацете и одвај, одвај успеа да ги смири прерадосните луѓе околу себе и да дојде до збор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По десетина минути жестоко мавање ја спушти секирата, седна врз дабовиот трупец, од кој одвај успеа да откорне две, три поголеми иверки, па тешко дишејќи, ја погали рапавата кора на Јурукот, шепотејќи: - Прости ми, Јурук, морав со некого да се мавам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакам да кажам, одвај успеав да се воздржам да не вреснам од радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко му, според документите што ги приложил, добро заработува, - одвај успеа да ги каже овие зборови судијата , и додаде - јас не сум виновен, таков е законот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Оној што ме бркаше пролетва се јави претпладне - тврдеше Јана - одвај успеав да си го скријам лицето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од многубројните додворувачи и умилкувачи што ја напаѓаа како гладни оси зрело грозје, Горде одвај успеа да заврши средно училиште со преодна оценка, и тоа повеќе поради својата милновидност одошто поради својата бистрина, а веројатно нешто и по заслуги од залагањето на својот поширок род.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На неговото лице се гледаше задоволство и кутриот одвај успеа да не смири.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А возачот уплашен, поуплашен и од мене. Одвај успеал да запре.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)