одвај (прил.) - оди (гл.)

- Весел... - Не, изморен. Гледаш, одвај оди... - Весел е... - Изморен е... Често не можат да се согласат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одвај одам од исцрпеност, а сепак, нетрпението да пристигнам, не ми дава да подзастанам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ни беше договорено задолжително да одиме на река, но ни беше многу тешко, на секои десет чекори седнувавме, одвај одевме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во денот на големиот снег, одвај одевме сами на училиште.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гласно спорат. Сѐ додека не протатни крај нив возот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)