одвај (прил.) - може (гл.)

И над машкиот кат, и над женскиот има две дупки на ѕидот кои служат за прозорци, но, се разбира без стакло и толку малечки, што одвај може човек глава да појави преку нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури да се стори поп, како манастирски слуга поп Петко одвај можеше леб да им донесе на децата. Ама ете, го послужи среќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така, светската театарска сцена би била преплавена од драматизации на славни книжевни дела, како што се: „Процес“ од Кафка, „Ана Карењина“ од Толстој, „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете, а нашата, пак, од оригинални дела на автори кои одвај можат самите да се прочитат, разберат, а уште помалку да ја наведат публиката на тоа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Винстон посебно го иритираше тоа што во вревата од гласови одвај можеше да чуе што кажува Парсонс и затоа мораше постојано да бара да му бидат повторени некои глупави детали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку и да сум мислел на вечноста за времето на градењето, јас сепак сум бил ограничен само на своето време и затоа куќава одвај може и да го издржи дури и само моето време.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дури очекував таа да настојува Ели да ја заблудува дека ѝ е мајка, а не таа таму некаде закопаната, зашто Ели одвај можеше да се сеќава на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Високите облакодери се издигаа до небото кое одвај можеше да се наѕирне помеѓу нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овде-онде се издигнаа некои личности, кои што благодарејќи на лихварството и на спахилакот, единствени доходни занимања, станале големи богаташи, а близу до нив, цела маса население со најголеми маки и труд одвај може да најде ’ржан леб за да го смири гладот 4.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Главното занимање на населението во Велес и околијата останало земјоделството, во градот - и ситното занаетчиство и ситната трговија, но приходите од тоа одвај можеле да ги задоволат најосновните потреби на луѓето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Брзо го забележа џипот, иако неговата темнозелена боја одвај можеше да се одвои од бојата на жолто-зелените, веќе подзасушени ливади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ама одвај можев да му се сетам на ликот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тамам ќе го довикнев во сеќавањата, мислите ќе ми отидеа кај Ивана, кон нашата разделба на аеродромот, кон нејзиното последно завртување накај мене пред да влезе во авионот и нејзиниот израз на лицето што ме бара низ луѓето кои стоеја пред аеродромската зграда и ги испраќаа со поглед своите блиски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е сè. - Ни тоа не е малку – рече Игбал – јас дури одвај можам да го изговорам името на твојот град.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Индија е далеку и одвај можев да сфатам како, кога и дали воопшто едно писмо испратено од Скопје ќе стигне дури таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ВО БИТОЛА СО ВРЕМЕПЛОВ Дури некаде во октомври, еден месец пред да наполнам единаесет години, конечно доживеав и мене да ми се оствари една од моите патувачки желби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Или ваквиот впечаток го црпам од она негово заканувачко ако... ако ... што одвај може да се наслушне додека го повторува и чие што значење само тој го знае!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А за двата коња што ме праша, ме праша за нозете дали ме ризаат; јас му кажав оти и со стапче се потпирам и одвај можам да се носам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
После зело паткиното, го скршило: патчето излегло и фатило да пливат во водата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ама види вамо: тамо има многу водејнци, ти да не хојш у ќосето, оту тој ќе т' измамит, ќе ти го земит житото и не ќе ти дајт брашно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од темнината одвај можев да ги видам, и самата вечерна тишина небаре се раскрши од мојот глас, викнав колку што ме држи гласот, а тие кога ме слушнаа низ ноздрите пуштија некој бес.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа одвај можеше да проговори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во мракот одвај можеа да ги забележат своите лица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мораше да ги прибере сите сили за да не се повлече прв и да исчека првин таа да си оди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)