одвај (прил.) - бев (гл.)

Еднаш како ја погледал рибата коа му ја покажал измеќаро, уште еднаш не је се опулил на рибата, само шиет, да шиет и на тоа згора еве ти еден чоек муштерија на терзијата, му дошол на дуќан и му ја видел рибата обесена на чивијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Одвај беше важно дали е агент на Полицијата на мислите, или само шпион - аматер поттикнат од прилежност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наредбите што веќе се емитуваа преку телекраните, повикувајќи ги на нивните работни места, одвај беа потребни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еле станал, та си позатрил очите со прстите, тики одвај беше се расонил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чул терзијата тој збор, одвај беше се испраил да ја види рибата, за да не изгуби неколку игли, и му рече на измеќарот како со без ќеф: - А, бре брате, не е за мене таа риба, туку леле царо ми ја прати - бериќетверс'н!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога утрото Бојан излезе на тремот од плевната, сè уште ненаспан, се изненади. На скалите, припечен на утринското сонце, што одвај беше отскокнало над ридиштата над Рамни Ливади, седеше Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше гладен, ослабнат, измрзнат. Одвај беше жив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)