одамна (прил.) - ќе (чест.)

Но здравјето, и од челик да му беше, по толку товари, сигурно уште многу одамна ќе попуштеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да знаев дека таквите нешта многу лесно поминуваат, всушност, имаат висока цена кај режисерите, актерите, директорите на театрите, кај некои театарски едукатори, доктори на наука, составувачи на антологии многу одамна ќе замолчев како драматург, како човек што пишува, всушност, ќе сфатев дека кај нас во македонската драматургија и театар, навистина има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да беше бев тргнал според тоа како ме поучуваше душата јас одамна ќе стигнев во Големата земја и Големото време во кое е зајдена секаква историја, ќе стигнев во предели очистени од секојдневности, од географии, граници и бајраци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Палејќи ја, помисли ова да се случуваше на негов терен, одамна ќе ја згазеше под нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите беа свесни дека Рада уште одамна ќе заминеше со Томо да не беше во прашање случајот со Ана, која по секоја цена го избегнуваше сместувањето во некоја психијатриска установа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште одамна ќе ги земев врз себе сите ваши злостори, мошне горд, мошне среќен да ги понесам - да сте мажи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За тоа време ние одамна ќе можевме да отидеме во друг град, друга земја, на друга планета.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВЕРА: Да, знам. Да бев на твоето место, јас одамна ќе се разведев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но незбежно така испаѓа и според судбината и според неговата желба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Сања... -Да не бевте вие, уште одамна ќе се обесев, богами - се вознемири самоубиецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Матвеј - мутно гледајќи го изговори старецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој уште одамна ќе се убиеше, но, ете, се запозна со мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа не е толкување на појавата, туку нејзино укинување – со тоа што индентификацијата се срамнува до рамниште на идентитет, со тоа што желбата се сведува на идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да ја испитуваме логиката што го проткајува преобликувањето на хетеросексуалната култура од страна на машката геј-култура, ние би набљудувале како вторава ги препознава, на оној начин што го консолидира идентитетот, веќе присутните геј-значења во хетеросексуалната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е одрекување на самото постоење на геј-културата – укинување на машката хомосексуалност како особено културна практика. ‌Да беа Милдред Пирс и бродвејскиот мјузикл само кодирани претстави на геј-идентитетот, ќе очекувавме дека отворената, изречно геј, излезена и горда, идентитетски заснована култура на постоунволската доба одамна ќе имаше раскрстено со нив, зашто денес геј-мажите имаат пристап до она вистинското, до нецензурираните и директни претстави на она што тие се: веќе не мора да се помируваат со кодирани и фигуративни верзии и не мора толку да се мачат да ги преосвојат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако не го поткрепуале комшиите со леб и да не му давале понекоаш по нешто работа по дома: коа дрва да нареди, дрва да пресечи, вода да им залеи и друга работа, што била многу долна, и да му даваат по некоја пара за да си купуат леп, одамна ќе беше умрело тоа будалесто момче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама тие комшии биле милостивни, тики го пожалуеле и го погледуале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И низ песни прескокнуваа цели епохи Од Самол па до наши дни Што има Македонците да се плеткаат Во подемот и пропаѓањата на сите империи Одвреме навреме во песната на Македонците Ќе им влеташе по некое клето Турче И тогаш ќе се сепнеа и ќе си речеа колку ќе се изрезилеја Ако го скокнеа времето на Отоманската империја Баш во тоа време се збрани сите македонски страдања Сите порази и загушени востанија Баш во тоа време на Македонците им се нанесоа најголемите неправдини И некако природно се прими што Отоманското царство Го урниса човек роден и учен во Македонија Природно беше што во тоа време Некои Македонци влегоа во Стамбол на бели коњи Иако беше сосема неприродно и уште понеправедно Што по по урнисувањето на Царската порта Македонија ја распарчија балканските орли И оттогаш наваму така распарчена се тетерави И во соништата за сите царштини Ја римски ја византиски ја турски биле Тадури и австро-унгарски И на Австро-унгарците Македонците им најдоа маана Да стасаше нивната царштина до Македонија И тука одамна ќе имаше филхармонии и универзитети А не само амами тек и чифте амами и секакви анови Одвреме навреме Македонците ќе запееја Под московски вечери Рабјинушка Калинка и такви песни Знаеја многу такви песни како да не знаеја И од порано беа начуле по некоја Ама особено научија да пеат по руски Откако се најдоа во црвеното царство Неоти знаеја како се најдоа во црвеното царство А отпосле дознаа дека баш во времето На црвениот император Јосиф Висарионович Сталин Се стави печат на старите делби на Македонија За сега Македонците севезден да се прашуваат Има ли во историјата печати што бледнеат Има ли печати на кои им истекува рокот на траење Ако има такви печати тогаш сетики ќе дојде денот Кога на најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Македонците ќе ја качат најубавата им мома Угул гола ќе ја седнат врз знамето со шеснаесеткракото сонце Префрлено наместо седло преку грбот На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Во наизменичен патриотски кас и галоп Да го обиколи сиот свет И да ја разнесе насекаде славата и гордоста на Македонците Секако ќе има и такви кои ќе се противат на ова И ќе велат дека тоа ја навредува честа на Македонците И особено честа на Македонките А Македонките се рамноправни со Македонците Ако не од времето на Роза Луксембург Тогаш барем од времето на Валентина Терешкова Македонките уште пред да се родат знаат дека се рамноправни Македонците нека си мислат дека се порамноправни Впрочем какви и да се Македонците никогаш не се сложиле за ништо Па нема да се сложат ни за голата мома гордо јавната На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Оти сите Македонци знаат дека жена гола ако видат Голема кавга ќе се роди во тие што ќе ја видат и сонуваат А во кавгаџиско настроение се заборават без исклучок Сите соништа од циклусот за пропаднатите империи.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)