одамна (прил.) - ѝ (зам.)

Родителите одамна ѝ биле починати, со болка во душата што никогаш не го виделе своето сугарче, оставено на брегот од Езерото, како невеста, за со неа да си поврзат две времиња, времето на заминувањето и на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
17. ЛУТО ЈАДИ, А ЗБОРУВАЈ БЛАГО - за единство на противречјата поднеси и жртва, но на таа животна теорија, иако не ни е драго, практиката, нејзината мајка, одамна ѝ била мртва...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Врската меѓу Томо и Рада од ден на ден стануваше сѐ поцврста. Томо уште одамна ѝ го беше измерил умот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)