одамна (прил.) - го (зам.)

Разговорот меѓу него и Пискулиева се вртеше на прво време главно околу животот, луѓето и случките од нивниот роден град, што стариот толку одамна го напуштил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Што е тоа несогласни, море, туку кажувај да слушнеме и сите да поразмислиме — одговори еден за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност, творците на акцелераторите одамна го воочиле овој проблем.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потем продолжува мирно, тивко како за себеси да потврдува нешто, што одамна го знае.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко одамна го немаше меѓу нас, а Мајка, вардејќи ги неговите книги и нивниот распоред, постојано ја гледашесликата на Фетхи-беј Окијар, никогаш не дознавајќи ја, како и Татковата мајка, докрај тајната на неговото цариградско време и на неговите врски со мајкиниот роднина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но времето, разните преселувања на народите, војните, земјотресите и пожарите одамна го пресекле текот на животот што буел во овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грчките пропагандисти одамна го трујат тамошниот народ и му ја убиваат душата; арнаутите им ги отимаат имотите на селаните, им ги палат куќите и ги убиваат; цинцарските анџии и чорбаџии, кои скоро секогаш биле грчко оружје, тој несреќен крај го имаат доведено во страшна положба; агентите на Милоша Милоевиќа - кои би требало да бидат апостоли на јужнославјанското единство и ангели-хранители на незаштитените и убиените, т.е. кои би требало да ги заштитуваат бугарската народност и бугарското име - проповедаат некакви назадни идеи, сеат раздор, создаваат поблеми и ги тераат своите браќа и сојузници да го изгубат и својот последен карактер и да се фрлат во прегратките на јужнославјанските непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете, тоа е лошата вест. И една многу добра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денешниов Иван сликан пред дваесетина години.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега ми се раѓаат само ќерки", ми одговори Ѓурчин а потоа и двајцата се смеевме на оваа невистина која и не сфатив зошто му се лизна од јазикот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам кога ми рече: „Објавувајќи го гревот за божји закон, итрите и имашливите настојуваат да се заштитат од лакомоста на својот ближен“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За нејзината одлука дознав неодамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ уште се сеќавам дека му реков на Ѓурчина:"Нема да бев среќен ако морав да го сметам за брат некое копиле на таа Огнена Гулева", и тој наеднаш почна вистински да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Открив кој е таткото на Иван. Ја имам и неговата слика.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очигледно беше дека одамна го донела решението и дека самата е уверена во добриот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, за жал, и нему му се случи истото она што ние одамна го имаме откриено и доживеано: она, кога веруваш дека со раката брцаш во бочва со мед се случува да утврдиш дека раката си ја пикнал во помии.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше навистина необичен и пред се весел тој наш разговор, и мислам дека од него не се изроди никакво недоразбирање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој имаше една стара, доодена кобила, што веќе од одамна го беше ислужила своето и сега заслужуваше старечки одмор, но тогаш Орде не би имал со што да носи дрва.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Беше, го нема, сал името му остана што многу одамна го добило по крчењето на костените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Личиш на некој кого одамна го немам видено, а во времето кога го знаев беше на твои години.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката гледаше во својот син; таа знаеше дека е во право според тоа како тој молчеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му веруваа луѓето на „Светијата“, така одамна го викаа Боро Селински, зашто открил темели на две цркви, а за третата не беше сосема сигурен, иако неколку вечери на сон му доаѓаше Пресветата Богородица и го прекоруваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Десет години на рамното поминаа од оној ден кога им зборуваше: „Иако голем број од вас се чувствуваат спокојни, јас навистина не можам така да се чувствувам, затоа што сметам дека спокојството во Македонија е веќе одамна разрушено и затоа што спокојството веќе одамна го нема...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе не можеше да чекори меѓу нив како дух, во овој свет преполн со мртви души, кои не сфаќаа или не можеа да сфатат дека веќе одамна го изгубиле она што толку очајно се трудеа да го задржат – мирот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ти си цвеќе, чие име одамна го заборавив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Господе прости им... Не сакаа љубов... Срцата им беа преполни со болки и омраза Чувството одамна го изгубиле...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тие вдовици и сирачиња веќе самата мисла на нив го жештеше!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас тоа одамна го знаев, само јас и знаев, мене Шарпентје ми рече и штом дознав јас него го притегнав онака пријателски: “Дај ми дваесет и пет илјади или утре ќе ти дојде ревизија”; и замислете си тогаш само тринаесет илјади му се најдоа, така што тој мошне навремено умре.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ такво уште многу одамна го имаше изгубено неговиот род.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше и ти да го откриеш еднаш она, што некои веќе одамна го знаеа, кога ги најде во тие соби и со оние ситници, што беа задружни, и кои, којзнае како, ти ги снемуваше една по друга од пред очите, без да го заушуваш тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само злобни погледи, полни со презир и пцости, нечисти пцости собрани од оние кои одамна го допреле дното.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И двете како да чувствуваа дека нашле нешто што одамна го загубиле, затоа го држеа цврсто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Погледнав низ прозорецот, сфатив дека е веќе пладне, дека е пролет, го облеков своето старо сако што го најдов во шкафот и што одамна го немав облечено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одеднаш ми падна на ум дека попладневното кафе, кое уште како ми беше потребно, можам да го испијам токму во „Знак прашалник“, па отидов право на улицата Крал Петар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со тие мисли се вовлеков во постелата, но не можев да заспијам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По погребот и останатите обврски, се вратив во татковото куќиште, полно со старудии кои одамна го загубиле својот мирис и добиле некоја заедничка реа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога селаните забележаа дека Богдана одамна го нема да излезе во градината, дознаа дека е тешко болен и некои од сожалување почнаа да го посетуваат и да му носат понади.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ме научи да гледам со твоите очи, во твоето време... така постојано живеам во твоето... зошто моето одамна го нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Каде и да тргнам, ме пресретнуваат брановите... на местото каде е твојата душа, таму сѐ уште стои печат на еден бакнеж кој одамна го остави....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Таа ирационална национална прасмисла тие ја потегнаа Маргина 36 25 како свое естетичко начело коешто одамна го заменило етичкото начело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Направи мала пауза во кажувањето, забришувајќи си го челото од потта со долниот дел од ракавот на сакото, и продолжи: “Еднаш Стево ми го кажа тоа што јас одамна го знаев, дека госпоѓата не му палела.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра сè уште со широко раширени нозе му седеше на устата на Андон кој одамна го имаше изгубено чувството за мирис (лекарите имаа констатирано дека тоа е резултат на операцијата на капиларите во носот направена во неговата рана младост) и тој не можеше да ја насети реата од меѓуножјето на Азра, но обилно оттаму во устата и по образите му течеше тегава слуз, од што во еден момент мораше да го извлече јазикот, да земе здив со намера повторно да се врати на истото место, но се откажа, се сврте на левата страна и ги префрли двете жени на десната страна од креветот, речиси ги залепи за ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сетила дека застанал пред неа, ама не му го разбрала гласот - зашто никогаш не го слушнала, ама и зашто тој ѝ рекол збор што таа одамна го беше изумила - Добарден.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не само децата, туку и нивните браќа и сестри, па и нивните родители, се однесуваа кон него како кон некој што одамна го познавале.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Водачите одамна го предвидуваа овој случај, знаејќи ја силата на Турците и законите на прилепскиот кадија, затоа и беа готови подолго да се држат во тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој балкон често и непланирано умее на себе да собере многу интересни и раритетни лица: филмаџијата Машко со приказните за Мајкл Чимино кој си го сменил полот, доктор Глигор со смисла за хумор од едно Скопје што одамна го нема, кумот Пеѓа со својата ма-шта-то-значи- опрем-добро дилема, актерката Мира Фурлан желна за дискусија, професорот Младен секогаш гладен за расправија, новинарот Борис со либерална словенечка мисла што ни траварица не успева да ја помати...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Него одамна го немаше меѓу нас.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински, всушност, одамна го запознав.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Другите тоа одамна го сторија, а ние уште спиеме - рече мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Оган нема И храбро гледаш Ветер како ја разнесува пепелта На она што одамна го чекаш
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Всушност спомна дека решил деновиве да ја зарадува Розе со предлог што таа веројатно одамна го очекува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Читајќи натаму, тој возбудено откри дека писмото му е наменето на оној кого Здружението одамна го прогласи за отпадник и го исклучи од своите редови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Е, отсега да знаеш: злото е создавано алка по алка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Последиците не биле сосема јасни а животот одамна го има поучено човекот дека е подобро со ново зло да му се затрупа трагата на поранешното, одошто да се плаќа во готово веќе сторената штета!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така се родил тој синџир на злото, нели? Не ви објасниле?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога на мајка му (која сѐ поосамена, поизгубена исчезнуваше меѓу фотографиите, мебелот) ѝ соопшти дека долниот кат од куќата ќе го преуреди во Гостилница, веќе одамна го имаше изодено својот пат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Живко Чинго и Ристо Шишков одамна го знаат тоа и се обидуваат да си ги оладат душите со ладна бира, а на шеќер локум не се мераклии.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Клепсидрата веќе одамна го протече правото време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со блиски од семејството, освен со мојот татко, кого одамна го немаше, немав постигнато толку голем степен на доверлива блискост, дури и еден вид интимност, во врска со плановите на моето пишување и балканската сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сликовниците одамна го изгубиле шаренилото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мама одамна го очекуваше и страшно се израдува.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јас ништо не разбрав за душата за Рајот Божји каде што е сега Наум, но сфатив дека мора да е некаде многу далеку и дека старичката одамна го нема видено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пелагија го кажа само најважното, другото може и да не се каже, она што го кажа тетка Перса за неа, Чана одамна го знае. И требаше да се молкне.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Меѓу нив двајцата врската му се чинеше толку силна и толку искрена, што одамна го прескокна времето на умилкување и игра: тоа време и не им припаѓаше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вака беше: Откако прилично одамна го добив она писмо од Ивана, во кое таа во детали ми имаше раскажано за нејзините доживувања во Дизниленд, немав мира ни дење ни ноќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш ми се случуваше да го потиснам мојот копнеж по патувањата во странство, во тие далечни земји во кои никогаш не сум била, ама никогаш не можеше да ми се случи сосема да заборавам на тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој збор одамна го имам научено и многу добро му го знам значењето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние своето одамна го завршивме. И замолкнаа. Секакво зборување беше излишно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)