огнен (прил.) - оружје (имн.)

Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зошто ли воопшто се вика огнено оружје кога и металот на кушумите и цевката што се пофаќа за пушката подобро да се поднамести се подеднакво ладни како и подмрзнатиов снег што му крцка под нозете?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кутрото девојче, не можело да го скрие од своите најблиски она што се случи меѓу нас двајцата во куќата на тетка Асја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ме потресе кажувањето дека Стерјо е убиен со огнено оружје од некои мажи од Крушица кои го казниле затоа што ја одобрил љубовта на Сања со мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Не, тоа е невозможно, во Англија полицајците не носат огнено оружје.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Работното место налагаше Гоше да користи огнено оружје, но испитувањата на службите покажаа дека засега “тоа прашање е отворено” (“нагласено темпераментен до благо непресметлив”, стоеше во специјалистичкиот наод на службите), па на располагање имаше секира со кратка рачка, со остро сечило и со наназад силно издаден тупук.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)