овде (прил.) - навистина (прил.)

По ѓаволите, па овде навистина останале само капки. Како си можел така бездушно да го отпразниш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Салата во која престојуваме кога врне дожд личи на третокласна чекалница во некое зачмаено село, особено поради тоа што има умоболни кои секогаш носат шапка, очила, стап и облека за патување, речиси како во приморските летувалишта, и кои тука се претставуваат како минувачи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овде навистина има и такви кои се посериозни случаи, било да се нечисти, било да се опасни. Тие се во еден друг двор…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И јас тоа го почитувам, го почитувам вашиот избор, само ве молам и вие да ја почитувате мојата работа и да не се мешате во неа,” рече доктор Гете, и продолжи да го плете долгиот црн шал. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Значи, доколку од Ласиќевата хипотеза ја симнеме аурата на научна методологија која што пројоцирањето на сопствената личност во истражуваната уште и може да го има, но од што овде навистина немаме никаква корист, ќе ни остане простата Ласиќева апологија на дадената ни хрватска стварност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)