овде (прил.) - веќе (прил.)

- Овде веќе ми е неиздржливо. Никому не сум потребно...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Да се сетиме како децата со радост си играат со гласовно превртување на зборовите и како често работата на сонот се служи со превртување на неговиот претставувачки материјал. (Darstellungsmaterial) со најразлични цели. (Овде веќе не се превртуваат букви, туку слики во нивниот редослед.)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сѐ што е лошо јас овде веќе чув, и за себе и за другите, и зошто сега да се трудам да ја учам одново лекцијата, макар и колку да има нови противречности.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Европа не брза да ги распознае работите кои овде веќе беа потресно почувствувани.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
БОЖО: (Го чита насловот.) „Дупло дно”. Театарска пасија во два става. (Пауза.) Што и да кажам ќе личи на она што овде веќе го кажа твојот лик со мое име. (Пауза.) Ти си уметник или лудак?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Третата етапа ја нарушува самата оваа рамка: самата форма на Идеалното Јас го надополнува нарцистичкото „големо Јас”; овде веќе не треба да се справиме со индивидуа која мора да ги интегрира барањата на околината структурирани во симболистичката инстанца на Идеалното Јас ниту пак со „Нарцис” кој игрите не ги смета за опасни, кому барањата на околината му се изнесени во облик на „правила на играта”; така наречениот „општествен притисок” овде се искажува на сосем инаков начин, не во обликот на Идеалното Јас туку во облик на „аналното”, садо-мазохистичко над-јас. 34 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она на сите толку добро познато чувство кое, посебно во нашите соништа, нè наведува за некое место или пејсаж да помислиме: ова ми е познато, овде веќе сум бил, познатиот deja vu ефект, исто така заслужува да биде опишан(о) со зборот unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Тоа, хе-хе... Овде веќе нашиот филозоф почна да замаглува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Достатно глупо. Но како јас, ете, немам чувство за мирис и сепак, чувствувам смрдеа?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)