овде (прил.) - никој (зам.)

Синот знае - неговите зборови нема да стигнат до срцето на старицата: во него се таи желба посилна од секакви зборови, од секакви реалности.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И сега не постои овде никој и ништо друго поважно за него, освен копнежот да се покаже.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Нано, овде никој не бели... Ќе ти поцрнат дреите!... - ѝ вели тој кратко, суво, повеќе деловно и брза на работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Селово е ништожно, не слушнал овде никој ни за Роден ни за Грабуловски.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знам колку вредам и знам дека овде никој не поседува толку многу, за да го исплати.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овде никој не прља и затоа нема потреба никој ни да чисти.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Никој не може да го извади од кожа затоа што овде никој не смрди, никој не се шверцува и не се бутка за прв да влезе.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дали овде никој на никого не покажува?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КАЈМАКАМОТ: Кој те пушти горе? Ова е моја скривница. Не смее овде никој.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„А кој спомена излекување? Па овде никој не е болен, овде само секој си живее во свој свет,“ и му ги поднаместив наочарите на носот кој малку му се беше вцрвил од алкохолот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ајде да ти ги покажам другите простории,“ реков, па излеговме од салата и побрзавме по ходникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секако ми се изнавика, а јас откако сум дојдена овде никој не ме навредил, секакви зборови ми изнарече и веднаш нешто како да пукна во мене и, Миле, верувај, овојпат нема да куртулам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)