овде (прил.) - владее (гл.)

Угледни посетители на книжарницата велеле дека овде владеела вистинска мистерија, каде што можела да се најде книга која повеќе не постоела!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зиме, кога овде владее сивило, посивува дури и снегот и затоа софијанци одат да уживаат на бел, млечен снег дури на Витоша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И зиме и лете, инаку, овде владее тишина и романтика што не се заборава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)