обично (прил.) - бесплатно (прил.)

р раат – спокојство, мир раја – име со кое биле наречувани немуслиманските жители во Отоманската империја резил – срам ’рга – напорно работи, обично бесплатно само за храна
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
т табиет – карактер, нарав табур – одред, чета тагаџик – торба, дисаѓи, се она во што се става храната на пат таин – војнички леб такам – комплет пар облека темане – поздрав со рака и поклон тептил – преправени (во други алишта), преобразени теслим – предавање; оставање (овде: предајте се) тланик – огниште, место крај огништето на кое според старите обичаи ги чукнувале невестите како симбол да го чуваат огништето и домот трем – дел пред куќата, обично поплочен, но отворен тузлук – доколеници, објала од шајак околу нозете турбан – ориенталска бела шамија која се намотува околу главата
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)