обично (прил.) - во (предл.)

Имено, тука, на Зедница, зиме, кога ќе приклештеа и ќе се одолжеа студените денови, обично во време планина, кога сонцето, низ некој процеп на облици, ќе смогнеше сили да испрати на земјата забести зраци, жителите на Потковицата во специјални корита, издлабени во стеблата од дабови дрва и поткренати на ногари, ја крмеа и ја поеја стоката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Домаќинствата си имаа свои со ништо необележани но откако помнеа неотуѓиви кримилишта, кои, пак, во лето, во време на богоројчини пости, имаа друга намена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во градот обично во саботите навечер имаше големо раздвижување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа, сите мерки што турските власти ги преземале против револуционерното движење во Македонија, па и оние што обично во Европа предизвикувале гнасење, во Грција се одобрувале и оправдувале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Преминот меѓу двата колосека натрупан од луѓе, од деца најмногу, од кокошки врзани со сиџими за да не се губат, обично во раката на некој постар човек, а прогагаа и неколку гуски под самите вагони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Веќе илјада години, од генерација на генерација, на Медитеранот се практикува ловот на туни со матанѕа, обично кон крајот на пролетта (во мај) и во лето (во јули), кога небото е светло сино, морето мирно, водите проѕирни и особено кога не се заканува ветер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се вели оти обично во војните прва жртва е секогаш вистината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Атланскиот Океан Аргентина ќе ја довикува со моќта на своите пробојни и универзални метафори на својата родна Шпанија, најдена во канџите на фашизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По вакви блескотни празници, обично во градот настапуваше, како по правило, тага, неизвесност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓето што ги среќаваше обично во ова време, весникарот од аголот, на самиот почеток од дрвениот мост, млекарот, ги немаше на нивните места, ги немаше и другите ранобудници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Летале над езерото, пловеле во него и птиците шатор, кречман, белец, дива патка, превез, креја, гуза, шчипче и шатка, а обично во есен пловеле и летале дивите патки во јата до сто двесте, често проближувајќи се до брегот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само за кратко време, беше неговата омилена парола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Обично во нашата детска соба, небаре за да ги бранат нашите детски животи, висеа две големи убаво врамени слики, во стакло, на Сталин и на Тито.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе го видеше, напати, обично в мугри или конквечер, загледан во далечниот хоризонт на Езерото кој беше пресечен со невидлива гранична линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)