нужно (прил.) - подразбира (гл.)

Затоа, третманот на мелодрамата како камп подразбира да се пресврти, иако е тешко да се избрише, надмоќниот, надмен став кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако се осврнеме на резултатите од нашено претходно испитување на прагматиката на кампот, ќе сфатиме дека целосното доживување на мелодрамата како камп не укажува само на обезвреднување на мелодрамата туку и на препознавање на сопствената сентиментална вклученост во мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа нужно подразбира доброволно, општествено вклучувачко учество во недостоинствените задоволства на мелодраматичната изведба – задоволства што произлегуваат и од силните емоционални полнежи и од нејзината самопоништувачка театралност, од нејзината сериозност, како и од нејзиниот неуспех.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Достоинственото страдање е трагично; недостоинственото страдање е патетично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата е камп само кога поимот „мелодрама“ не се користи исклучиво како критикување, само кога неговиот погрден полнеж се расејува и се споделува – со други зборови, кога ветвата етикета „мелодраматичен“, истовремено и абјектен и гламурозен, се прифаќа и се користи за себеси.309 ‌Инаку, кога поимот „мелодрама“ се користи конвенционално како атрибут со кој се принесува жртвено јагне, тој дејствува како омаловажување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Смеата не е соодветна реакција на трагедија и на ужас, но ако земеш да го сфаќаш сериозно патетичното страдање, тоа значи да наседнеш на сентименталност, да ѝ подлегнеш на вулгарната привлечност на мелодрамата, емоционално да се внесеш во кич, а сето ова е грев кога се суди според мерилата на добриот вкус. ‌Женственоста е тривијална, несериозна (истиот суд важи за секого што го сметаме за понедостоен од себе), сигурно затоа што е мошне изведбена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Играњето улоги не е во согласност со пројавата на суштински идентитет – на вистинското битие на поединецот – па затоа изведбеноста нужно подразбира неавтентичност и отсуство на вистинска сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој начин на суштествување или на чувствување кој може да се дисквалификува како несериозен – како што се изведбениот и мелодраматичниот – не е вистински мажествен, туку покажува склоност кон женственото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)