ноќта (прил.) - и (сврз.)

Кои сте вие што доаѓате отаде ноќта и отаде ветровите поморски?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ошол дома на ноќеф, преспал ноќта и утредента, коа се разбудил, го прашал брат му: „Како помина, брате, ноќеска? Дали спа лесно?“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Хм, жена, што би можела пак таа да каже за средновековните замоци, освен дека овој се сплеткал со оној, кој во чија соба ја поминал ноќта и зошто не му било удобно во сопствената соба, туку којзнае каде ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)