ноќта (прил.) - пред (предл.)

Го пишувам ова ноќта пред да тргнам со воз, од Будимпешта за Скопје; спакуван сум и утре изутрина ќе се искрадам од најпознатиот европски циркус и ќе заминам кон железничката станица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ноќта пред да заспијам, слушнав мошолење на дожд на ламарината што беше ставена на дел од покривот што се наднесуваше над балконот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Почетокот на секое сочинение е најтежок“, ми велеше ноќта пред да се искачи горе. „Тој обично се плаќа со живот. Првата реченица во секое сочинение е најопасна, а зборот прв најотровен“, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко ви, ноќта пред бомбардирањето, ми рече: „Јас ноќва заминувам, варди ги децата!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ноќта пред да ја напуштиме Аризона, Ерик исчезна. Насекаде го баравме, но никој не успеа да го пронајде.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)