ноќе (прил.) - на (предл.)

Но како никој, ни копуците, како што беше Борис Енда, не се согласуваше да влезе во колектив, Пената, на една конференција организирана за влегување во колектив и против бога, фати облог со мажите дека тој, ако се согласат тие да влезат во колектив, и за да им докаже дека веруваат во глупости, сам, ноќе на полноќ, ќе отиде на Самовилец и оттаму, за доказ дека бил, ќе го донесе копаничето со кое луѓето црпеа вода од кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Застануваа ноќе на прозорците, излегуваа на вратите и чардаците и штутеа да чујат нешто, претчувствувајќи дека сите несреќи идат ноќе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Марко остана да седи ноќе на черга со подвиткани нозе под себе и да шепоти дека земјата,негова родна и неродна, го мачи додека туѓината го повикува и му нуди утеха.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога имаше ливади, пред да ги потисне водата, многупати коњите ги носевме ноќе на пасење. Тие тогаш 'рпаат од тревата и фркаа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му растела на светецот тртката на носот, му растело и мешето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и манастирска пастрма му се сладела. Еднаш, ноќе на сам Велипеток, некојси калуѓер го стапнал човечето зад бочва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И тебе, Гавруше, сум те видел како лазиш на мев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Оној што лазел и самиот, разбираш, можел да ме види, мене или друг што личел ноќе на мене, пламнал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нека им се најде за подолго време, да не ми идат ноќе на поплака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)