нормален (прил.) - го (зам.)

А таа, како родена повторно, не можеше да си прости што толку време му била верна и приврзана на слепиот маж не гледајќи дека животот и младоста ѝ бегаа и дека се ронат низ прстите годините преправајќи се дека сето тоа таа нормално го прима и доживува, прилагодувајќи ѝ се на судбината да живее со слеп маж и молејќи му се на бога да му го врати видот, да им го врати оној среќен живот што го имаа пред неговото ослепување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Делииванов, одамнешен пријател на Делчев, и Стефанов нормално го немале оној револуционерен капитал и авторитет што го имале нивните претходници, но биле под силно Гоцево влијание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Погледите на двајцата млади мажи,во полна сила како што знаеше Дарко често да потенцира со идиотско смеење, за неа беа комплимент за нејзината фигура, и таа сосем нормално го прифаќаше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)