никогаш (прил.) - толку (прил.)

Не разбирам точно на што мислиш, пријателе!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа не достигна никогаш толку големи димензии на Балканот како во Европа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Запаливме свеќи и коњот го испуштив И не знаеш каква радост му ја осветли душата Зашто никогаш толку убаво не светкала тревата - Како вчера по луњата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некогаш бев млада и многу поубава, претпоставувам, ама никогаш толку посакувана дружба за муабет како сега.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пред „Лондон” отидовме цела сурија деца од Капиштец: Снеже, Тања, Мацка, Весна, ... дојде дури и Горан, кој ми е многу добар другар, но не излегува со нас оти си има девојка, но беше замината на летување, па и тој нѝ се придружи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вечерта беше „лудница“! Никогаш толку убаво не сме си поминале и со толку многу нови фаци не сме се запознале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш не сум ја видела понаблиску среќата и болката, што се вели, никогаш толку едно до друго застанати. 11.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш знаеше да укаже на мојата немоќ, да брцне во неа со прст, но никогаш толку длабоко за да сетиш нешто налик на болка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А сонцето беше толку силно и непопуштливо, никогаш толку долго не се задржувало во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)