никогаш (прил.) - досега (прил.)

- Оф, несреќо! - си рече Малчо, чувствувајќи се немоќен и беден, како никогаш досега.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И во Свети Наум се славеше. Се собра народ како никогаш досега.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќе ја чува елката како што не чувал ништо и никогаш досега. Задача си е задача.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- О, така е најдобро! – свикав – да одиме таму каде што никој од моите домашни никогаш досега не бил!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Му падна на ум дека таа веројатно никогаш досега не го видела на дневна светлина и на отворено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Учителот благо, татковски, како никогаш досега, го погали по главата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Никогаш досега, откако ослепе, не ја чу да се смее, никогаш не почувствува веселост кај неа, никогаш во нејзината спална не пуштала никого од персоналот да влезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)