никогаш (прил.) - веќе (прил.)

Се заколнав никогаш веќе да не земам никаква дрога.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едно момче што седи на столчето пред мене, ја гледа мојата маица, широко се насмевнува и вели „Џими Хендрикс ли е тоа? Тој свиреше со Дорс.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најарно да не зборнат никогаш веќе за тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Жално мое девојче, земи ги за утеха, зашто никогаш веќе нема да бидеш толку убава колку што си сега, ти ќе треба да одиш кај другите, другите имаат за тебе само обични зборови. само /ас имам за тебе песна, но и во песната не можам да го кажам твоето име, треба да го кријам со други имиња, а без него е песната сиротна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но тој не стравуваше за живот и имот, него го мачеше мислата, што на моменти се претвораше скоро во извесност, дека војната ќе ги пресече патиштата меѓу него и неговото девојче, и дека никогаш веќе нема да го види.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се растуривме денеска и можеби никогаш веќе нема да се видиме и собереме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Откако ќе погледне во болен човек таа никогаш веќе нема да го симне погледот од оној кој брзо ќе заздраве и никогаш веќе нема да погледне во очите на оној на кого му нема спас.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Глас е тоа на јазик кој одамна исчезнал и во кој боите, должината и ритамот на самогласките меѓу нив никогаш веќе нема да се преповтори и слушне.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На Вера Кузмановска И одново на птиците помислувам, на полската чучулига, помислувам, која уште при прв допир со болен човек распознава исцелимо од неисцелимо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знаев дека моите џебови се празни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа ги кренав картите таму од каде што ги земав и се колнев дека никогаш веќе нема да ги фатам в раце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога останав сам, застанав пред огледалото и од јад си изназборев сè и сешто.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И си помисли: „Не, не! Никогаш веќе нема да и остава. Не Митра, ами света богородица да ме вика оттука не мрднуам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа вечер, сместувајќи ги коските на Митруша во новиот гроб, стариот железничар се зарече дека никогаш веќе нема да ги распретува - ни да го сели, ни да го пусти, ни да го штури.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но тоа е само еден слој на нештото или на необичната авантура наречена опус за кој непрекинато чувствувам дека се отуѓува, развластува, се распаѓа на парченца за никогаш веќе да не се состави во својот потпис.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4Можете ли да кажете во што се состои таа сличност? 4Единствено друг може да ја забележи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А и на многу други настани, за кои знаеја и помлади луѓе, како што бил пожарот на некоја Ѓурова колиба, кога изгорело целото стадо па стопанот умрел од мака, па некоја зима кога волците направиле пустош по колибите, кога многу стада биле преполовени или сосем уништени, па нивните стопани ја напуштиле планината и никогаш веќе не го обновиле колибарството, - сето тоа и многу други случки, раскажувани по многу години звучеа како сказни, како измислици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислев, по оние твои страдања, никогаш веќе не ќе сакаш да ѕирнеш во Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И заборави заборави сѐ за светот на страдалниците И за Племето на Великиот господар на светот кој истрча далеку пред својата младост и никогаш веќе себеси не се престигна
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги собра во една торба најпотребните работи, одрона некоја солза на вратата од убавиот, туѓ стан, во кој така убаво презими, и со злоба во срцето излета од гнездото и побегна в поле за да не се врати никогаш веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Необичната риба од оној ден кога се најде во торбата на дедо Гога никогаш веќе не се ни обиде да скокне над водата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Милан сигурно имаше десет или единаесет години, кога еден ден краставата жаба ја презела должноста, и оттогаш гуштерот никогаш веќе не се појави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, неговиот циркус никогаш веќе не се врати во нашиот град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Нема Луцијо, никогаш веќе нема да дојдам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да е, со Земанек живеевме онака како што можат само да живеат двајца младичи на седумнаесет години, оти тоа никогаш веќе во животот не се повторува; има човек и натаму одлични другари во животот, но заедно со првата љубов, оди и првиот другар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никогаш веќе нема сам да си ја гони сопствената среќа од сопствените внатрешни одаи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Свесен дека му се приближува крајот и дека никогаш веќе нема да ги види своите Велес, Солун и Вардар, докрај прибран, тој нашол сили да се поздрави со сите свои другари во затворската соба и потоа да издивне.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
1926. Уште една книга која никогаш веќе нема да се објави со негова дозвола: Обемот на мојата надеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1930. Ја објавува книгата Еваристо Кариего, есеј за народниот поет од предградијата на Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Преку Викторија и Силвина Окампо се запознава со Адолфо Биој Касарес, кој тогаш имал 17 години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Помеѓу него и Борхес се воспоставува трајно и искрено пријателство и долгогодишна соработка; заедно ќе напишат бројни книги. 1931. член е на уредувачкиот одбор на списанието Sur (Југ) основано од Викторија Окампо и кое ќе има големо влијание во хиспаноамериканскиот културен живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И неговиот живот, таков каков што му останал во сеќавањето, немаше никогаш веќе да биде ист, и тој немаше никогаш веќе да биде свој ако мораше да продолжи да постои без неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стравот дека никогаш веќе нема во себе да го сети мекото стврднување на исконското, вонтелесното, вонземското спојување на разделените половини ја скамени со истата онаа силина како што скаменува стравот од смртта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш можел да се заколне дека никогаш веќе не ќе ѝ избега на топлината што го носела кон храмови на нечуени воздишки и непочувствувани допири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под нивното распаѓање никогаш веќе не ќе жугне од земја ни клас ни растение.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во почетокот ги одбиваше секојдневните канонски задолженија и нивната будалеста рутина на утрински, пладневни и вечерни активности, кои требаше да ѝ го исполнат поголемиот дел од денот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби никогаш веќе нема да ги види овие мили предмети, од кои ни на сон не помислуваше дека еднаш ќе се раздели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некои велат дека тоа било во периодот Кеичо (1596–1615), а некои во периодот Тембун (1532–1555).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Мислам дека никогаш веќе нема да бидам иста. – Сега сето тоа е минато – ѝ рече тој, милувајќи ѝ ги со врвовите на прстите крвавите лузни на лицето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако еднаш одговориш на лажното ѕвонење на ноќниот ѕвон – никогаш веќе работите не се поправаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со шеговит глас, соодветен за големи измислици, ѝ ја раскажа ублажената верзија на нејзината дијагноза. – Тоа значи – заклучи – дека ти недостасуваат уште неколку дена за да оздравиш целосно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби никогаш веќе добрите луѓе во Париз немаше да слушнат за мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали ова беше паметно?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури тогаш сфати колку е осамен во тој прекрасен, луд и неразбирлив град, во кој никогаш веќе нема да биде среќен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не ти се верува дека се случи. Си го враќаш загубеното, но си ветуваш дека нема никогаш веќе пак да се коцкаш. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе му простам ама никогаш веќе нема да има простор да биде со мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се наредивме еден зад друг пред вертикалниот отвор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Знаеш што, - ми се доближи. – Никогаш веќе не ќе ја пеам онаа ропска песна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Уште еднаш да се врати заедно со својот син и, ако сака, потоа никогаш веќе нека не доаѓа во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога ќе го видеа неговите домашни каде што ги прави тие работи, ќе почнеа да плачат гледајќи дека тоа го прави од некое претчувство што му иде смртта и што никогаш веќе не ќе има можност тоа да го чини.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никогаш веќе нема да го погледнам.“ „Ќе останеш со мене?“ „Само со тебе и секогаш“, го погледна в очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И никогаш веќе од нив да не те пуштам!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дали тоа што било ќе значи никогаш веќе?!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Под нивното распаѓање никогаш веќе не ќе жугне од земја ни клас ни растение.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас бев исправен пред себеси во огледалата што ме пренесуваа во бесконечност и со испружени раце ја барав Ема во огромната празнина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ќе ја напуштам оваа ќелија. Никогаш веќе нема да ме сретнеш, нема да бидеме веќе никогаш заедно,“ ѝ велев и со испружени раце ја барав низ собата, внимавајќи да не се сплеткам меѓу огледалата кои се движеа и постојано се вртеа кон мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Едно време се реши, ја пушти раката кон мене и ме стегна кај лактот. Вели: Немој никогаш веќе да бегаш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако еднаш го стартуваме, никогаш веќе нема да дозволи да се задоволи со рутински задачи. u Не ли е премногу идеалистички да се каже дека сакаат луѓето да прават свои сопствени програми?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
7.5 Остана вжарен белег од тој здив Расцветана рана на кожата однатре Како последен поздрав од Мајка Која никогаш веќе не ја видов.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
„Но ...“ „Ти не знаеш што е тоа. Секогаш кога сум таму горе си мислам, ако некогаш се вратам на Земјата ќе останам таму; никогаш веќе нема да заминам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Никогаш веќе да не си го сторил тоа. Кажи сега што ќе јадеш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Брзо речи, речи дека овојпат ќе останеш дома засекогаш и дека никогаш веќе нема да си заминеш, речи го тоа!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Никогаш веќе не ќе бидам болен во животот“, изјави момчето, спокојно, стоејќи таму, гледајќи низ широкиот прозорец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И надежи, и чудесни сништа, мечтаење колку и возбуда слатка, безмилосно тогаш со крвта се ништат, за никогаш веќе да не најдат вратка!
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Верувам дека се согласуваш - реков, и веднаш продолжив - тој е сега патник: нè слуша, нè гледа, иако никогаш веќе нема да се врати, барем овде, на патеките на нашето време.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од добар човек е, - рекол и никогаш веќе уста не отворил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ќе умреш еден ден, никогаш веќе не ќе можам да пробам такви убавини што само ти знаеш да ги подготвиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо! - вриснав јас, - немој да ни умираш, ние те сакаме, никогаш веќе нема да те нервираме!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во полумрачната соба, сега осветлена само од кружното тркало на ламбата, внимателно ја пипаше, милиметар по милиметар, знаејќи дека никогаш веќе не ќе му се даде да го прави тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лажга – си повторував – лажга! Никогаш веќе не ѝ го споменав прстенот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, таа не престана да зборува со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, всушност би „растел” како тесто во квасец и би ме изнервирал со нескромноста толку многу што никогаш веќе не би ми паднало на ум да му оддадам такво слично признание.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Необичната риба од оној ден кога се најде во торбата на дедо Гога никогаш веќе не се ни обиде да скокне над водата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)