никогаш (прил.) - вака (прил.)

Се прашуваше како да заспие, кога никогаш вака не спиел - со оган зад себе и со мраз пред себе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко никогаш вака не ѝ се доверувал, си помисли Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Одамна не сме разговарале, сум пораснала можеби, сум станала попаметна – му намигнав ѓаволесто. – А таа што ти се допаѓа, доаѓа со тебе во Охрид? – продолжив, плашејќи се да не скршне разговорот на друга страна, а толку многу ми беше интересен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка никогаш вака не зборувала, не била толку блиску до Бога.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што ти е, никогаш вака не си зборувала? – ме прекина тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)