никогаш (прил.) - ваков (прид.)

Признавам: никогаш ваков и волку голем не сме виделе досега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Звукот на нишалките не се слушаше. - Никогаш вакво нешто не сум чула, - призна Кети.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во секој случај, никогаш ваквите постапки на Русите, како бакнувањето на раката, не сум ги сметала за израз на слабост, а уште помалку за знак на покорност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Луѓето зборуваат дека никогаш порано вакво нешто не се случило; никогаш ваква дамка и немаштија не удрила како сега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)