никогаш (прил.) - никој (зам.)

Ќе љубиш некогаш некој, ни никогаш никој, како некогаш некој...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ќе те повреди некогаш некој, но никогаш никој, како некогаш некој...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- За тоа никогаш никој не ми кажа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таки повеќе никогаш не проговори и повеќе никогаш никој не го виде под врбата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прекрасно е да се биде претепан или убиен, бидејќи тоа никогаш никој не би ви го сторил, доколку стварно не е загрижен за вас, и може да биде вознемирен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И веќе никогаш никој не ќе знае каде е средето на светот, папокот на светот, и што пишувало во кобната книга што толку несреќи ни донесе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никогаш никој не ќе знае дека еден капетан блажено почива овде.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто никогаш никој за мене не се потруди да направи нешто убаво?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Многу се расправаше со татко, а то кај нас дома не е баш вообичаено, односно, ич не се случува: никогаш никој не му се спротивставува на татко ни така директно како та шо прај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
4 Пред поаѓање не знаеле дека патем ќе ги следи нечујно и со замрзнат здив непознато чудовиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш никој во животот не бил толку сотиран да умира во страв од нешто што не видел и што не сонил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но најстрашното за нас, малите деца, беше фактот што чудовиштето-граница се криело длабоко во езерската вода и никогаш никој не го видел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
45. Никогаш никој не се качил на брегот поради наука, или затоа што барал слава или затоа што брегот бил предизвик. Маргина 35 123
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мене никогаш никој не ми верува...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Била вчудовидена, тоа да, но никогаш никој во животот не ја повредил, та затоа не се плашела од никого, а да видиш крилест човек, па тоа е толку интересно, таа била горда што го сретнала.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)