никогаш (прил.) - го (зам.)

Мајка го слушаше внимателно. Никогаш го немаше видено да ѝ зборува толку долго и со толку силен занес. Дури и соништа да ѝ открива.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Рози никогаш го немаше допрено лубеничето зашто веруваше дека, ако го фаќа, тоа може да биде исто како кога се фаќаат неразвиените птици во гнездо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Голото машко тело над неа требаше да биде тело на странец, човек што таа недоволно го познаваше и никогаш го немаше замислено ниту како близок пријател, а камоли вака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ликот што го гледаше ги носеше сите дополнителни ознаки на тоа време што изминало – малку подгрбавените рамена, подбрадокот, килограмите наталожени со текот на годините, формалноста на костумот што тој дотогаш никогаш го немаше облечено...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прво, тоа никогаш го немаше правено, а од некој имаше слушнато дека човек може да се исповрати од консумирање на марихуана. И тоа на лице место.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Всушност јас сум сам во празната соба и измислувам некаков разговор со Јана што никогаш го немам водено а притоа, што е уште побитно, не станува збор за размислување туку зборување на глас!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поскоро би можело да се нарече надвикување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до Ѓурчин, таа никогаш го немаше спомнато како лош другар или грд пример.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа самиот Словенец и го расакажал кога преспал една ноќ кај нас).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку недели и месеци морал да носи токму такви тежини на десното рамо! (Добро, тој никогаш го нема спомнато тоа, но мајка ми ми има раскажувано за неговиот пријател Словенец и за цевката од минофрлачот што Даскалов честопати ја земал на своето рамо за да му помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Барем да личеше на шепотење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури ни тогаш кога јас го напаѓав. (А за моето незадоволство од однесувањето на Ѓурчин, нели, постоеја конкретни причини).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Време време време време; никогаш го нема доволно, но сепак уште малку... „Не.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Па, човече, секој што еднаш го видел рецитирањето во Струга јасно му е дека на таа почва може виреат обреди и ритуали, паганштина, но нешто навистина подлабоко сакрално, она што кобајаги го нарекуваме уметност, она проникнување меѓу неверојатно извештените раце и божјиот стринг, она што го има Бах, Леонардо, Џојс, тоа овде никогаш го немало...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Арно, ама тие од џипот со помош на таквите кои гледаа добиток, а никогаш го немаа, ни ги зедоа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На баба Санда ќе ѝ купам нов сандак за замрзнување, и онака стариот постојано ѝ се расипува, а на дедо Борис нови карти за редење пасијанс, неколку шапки за сонце, а можеби и автомобил, зашто тој никогаш го немал...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Освен за татко му, јас никогаш го немав чуено да прозбори нешто против некого.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но не сметав дека тој го заборавил татко му, како што тој сметаше, заради тоа што го сторил на мајка му доведувајќи ја до состојба на „нервозна руина”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мајка ми никогаш го немаше видено татка ми толку забрзано да чекори од едниот до другиот крај на собата, од чардакот, од дворот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пиеше, ама никој никогаш го нема видено пијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, сè уште не ја спомнав неговата најлоша особина: понекогаш знаеше да ги врати парите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш го немавме слушнато Татковото кажување за причините на неговото исчезнување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)