никогаш (прил.) - ги (зам.)

Им се исправаа ситните влакненца, им се подаваа и таму каде што никогаш ги немале.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па сепак, спремен сум да прифатам дека и во таквиот неоснован прекор се прикриени и значењата на некоја можна употребливост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А противникот, затегнат како Боки 13 во мидер за да не му се влечат по земја оние што никогаш ги немал, го дига оружјето свое... и гледам дека е лажно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Длабоко од земјата наслушна некои многу чудни звуци што пред тоа никогаш ги немаше слушнато.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми се чини исто така дека никогаш ги нема допрено со помислата страдањата на несреќниците што нè пресретнуваат речиси на секој чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прилегаа на нејаки птици затворени во кафез: ги поткреваат крилјата, гребат со ноктите, вртат со главите, но не знаат што им се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)