никаде (прил.) - го (зам.)

А Љакета никаде го немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Знаеш Радо, и Долгиот никаде го нема. Како да ви се совпаднаа исчезнувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако никаде го нема.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите овие тројца се папагали, кои, чувствував дека ќе се налутам, имитирајќи некој илузорен канаринец, кој всушност никаде го нема!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А отец Стефан никаде го немало на сохранението на чудното, гласовно тело на отецот негов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам дека никаде го нема тоа херојство, тоа себеоткажувње, таа саможртва...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
ТРОШЧЕЈКИН: Антоњина Павловна, каде е тој, што му сторивте? Никаде го нема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го бараа во куќата: по соби, по керали, по тавани, по дупките од ѕидовите, но никаде го немаше; го бараа во колибата, во шеварот, во трските, во плитката и длабоката вода, но и тука го немаше; го бараа во шумата, во планината, по дрвјата, по листовниците, по пештерите, но и тука го немаше; го бараа по падините, по ниските и високите тревје, по билките и растенијата, но и тука го немаше; го бараа по дупките од сите ливоти и животни, но и тука го немаше; прашуваа луѓе од други села, од други места, прашуваа до кај што некој ќе стасаше, но никаде го немаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го бараа, го бараа, и кога видоа луѓето дека никаде го нема, решија да му ја продадат куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вадим се прпелкаше на подот, а старецот никаде го немаше; Наташењка притрча до брата си; лицето му беше изобличено и тој се прививаше крај нозете на сестра си; раката му се тресеше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Испуштајќи го виното, таа сомнабулично јурна во собата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- И? - Нема ни таму. Никаде го нема.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Што станало со него Марко? „Го барале, но него никаде го немало.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лангачот никаде го немаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Водарот ја пребара и планината, но Лангачот никаде го немаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Преку ден никаде го нема...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чичко Петре никаде го немаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Никаде го нема. Никого не го клава на газот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го гледам, а никаде го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)