никаде (прил.) - ги (зам.)

Богатството најчесто е стекнато преку шиткање нива или куќа у западна Македонија или како наследство од своите лоповски родители, а воедно нив ќе ги препознаете и како најголеми патриоти во кафана удирајќи се во гради , а на дело речиси никаде ги нема.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога не е забава во прашање, никаде ги нема. Како да не постојам за нив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сурушите тогаш повторно никаде ги немаше.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие беа заклучени, но мене ми отворија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Видов дека ја дупнале вреќата со најкрупните ореви а лушпите никаде ги немаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го остава телефонот, со писмото во рака, ја отвора горната фиока – има сè: копчиња, селотејп, кутиче витамин Ц, но проклетите ножички никаде ги нема.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)