никаде (прил.) - нема (гл.)

Таа ги протри очите и лицето и свика: - Другпат никаде нема да ве водам! Дотерајте го магарето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѕидовите беа излупени, нечисти; никаде немаше никаква табла, натпис што би укажувал дека е тоа некоја установа, друштво, клуб.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А дека ни Хаџи Ташку ни некој друг не дошол во Потковицата и не поминувал по сокаците, сите зборуваа, можело да се мисли по тоа што од никаде немало ни пес да залае ниту пак нешто друго, што е живо, да даде глас од себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но никаде нема ниту буква; не можеме да знаеме за каков сад станувало збор. Ниту за каква течност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа прва Нова година по земјотресот знаев дека скоро никаде нема да се пречекува во градот така како други години.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некоја темна сенка во мене ми велеше дека тој никаде нема да оди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаев дека тој чека. Не се оддалечив многу од неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто поубава и помила грутка од оваа овде никаде нема во светот...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Во пеколот на гуша да ја носи!“ рече Тасе и офна при обидот да стане од столот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вели: „Сиромавиот никаде нема роднини“ , велеше Лазор Ночески и стана што стана на бродот, а бродот не го пуштаат одоздола, од кај нас, имало војски, имало војни, а таму ни рекоа дека сѐ е ослободено, сега мораме да вртиме околнаокол, откај Црно Море, откај Бугарија, прпа, прпа, допаткавме до Бугарија,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти работиш и само си ја бараш сенката, а сенка никаде нема. Секаде сенката е подгазена, потфатена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноктите помодрени, никаде нема живот, запрена воденица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Велам: - Јас кога ќе си легнам, мислам дека никаде нема празно место за сонување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве ја солта што ја баравме, викам, а луѓе никаде нема. Ја вртам главата налево и надесно, вели, цело поле е празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шуркам овде, шуркам онде, а шеќерче никаде нема.., На мислата слушам крака коковчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само  човек, човек слушаше, а човек никаде немаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше свесна дека таму е сè нејасно и опасно и не знаеше што да направи друго освен да бега.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одѕив од никаде нема. Само од најблиските, да се живи и здрави тие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како изгубено дете, а семафори никаде нема.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не виде немиена чинија, ѕидовите малку беа исчадени, но никаде немаше ни најмала пајажинка без кои селските куќи најчесто не се – ни по аглите на таванот ниту пак зад прозорците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Сол никаде нема. Не ми се верува да најдеш - дополни третиот дрвар.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сол никаде нема! Каде најде?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Морам да барам сол. Ама не верувам дека ќе најдам - одговори Трајче. - Сол никаде нема.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секаде студи во Москва, а никаде нема вистина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тоа августовско утро во Прага Сите ги прекоруваа своите мали кученца кои баш сега најдоа по пет пати да мочаат во тревниците послани со свежи ѕвезди а за баксуз, никаде немаше натпис: мочањето врз тревници од ѕвезди е забрането.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Многу ме интересираше зошто најмалата клацкалка не беше сменета, па го прашав чичкото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„А железово нема да го фарбаме?“ а другиот рече, „Е, сега, сите ако ги фарбаме до никаде нема да стигнеме“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Го нема човекот, велам, никаде нема човек... Ами...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Воено време, што се вели, никаде нема извинување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никаде нема олку голем град што чека да се исели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Те сакаме, бисеру наш! Затоа никогаш и никаде нема да фрламе отпадоци, нема да плукаме врз твоето прекрасно крајбрежие!“ зарши Еми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И уште нешто: тука упорно трае сеопштото владеење на сонцето, меѓутоа, тука демонот пали и гори и од никаде нема спас ниту надеж, небаре ова место е место на проклетството...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако не наведнеш става каменот не ќе го дигнеш, ако не тргнеш напред никаде нема да стигнеш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На патот во автобусот си размислував колку лесно го мавнав животот, во темница, полузаспана и како на јаве гледав: на мојот иден живот вратата му се отвора црна, соба темна без прозорци, од никаде нема зрак од сонце и си помислив, тука ќе ги одгледувам моите цветови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од никаде немаше ни глас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога одевме на свадба или на некоја веселба, татко ми ќе речеше: Без дедо ти Ристо никаде нема да одите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оттука заминав за Струмица во единицата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Немаш никаков друг план, никаде нема да одиш и ништо немаш намера скоро да правиш? – го испитувам теренот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Поразителна беше сликата, ноќен живот речиси да немаше, улиците навечер пусти и глуви. Деца никаде немаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)