ниеднаш (прил.) - не (чест.)

И двајцата не веруваа во чудеса, зато што усрдно го призиваа Бога, а тој ниеднаш не им се јави; ги учеа семинаристите на чудесата на пресвета Богородица, но сами не веруваа во нив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција пак, ниеднаш не дојде да нѐ гледа, иако во училиштето се разнесе брзо гласот за нашите акробатски и мотоциклистички способности.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги отчукав на една стара машина за пишување во училиштето, ги подврзав во картонска корица, ги насловив како Енигма, напишав посвета: „На девојката со коси очи“, на првата страница го оставив мојот телефонски број (Луција ниеднаш не го побара за три години) и ѝ ја испратив по една другарка на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа стоеше за сето време, додека одминуваше по голината, но ниеднаш не му попречи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денот беше сиот затнат од тој магличав, густ врнеж, само тоа нив тројца ниеднаш не ги натера да се подвоумат и да се поколебаат во својата зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ниеднаш не пожелеа ништо, сето го чуваше за себе, дури ни за сето време, додека гледаше како му се отвора пред погледот таа очекувана долинка, на чиишто млаки помисли уште првиот миг, кога го пронајде дирата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Собран во таа малкукрвна преклонетост, со притивнат здив, а за сето време се мачеше да се отскубне од една мисла, што го прогонеше, како секој поразен, и ниеднаш не беше во состојба да ѝ избега нејзе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тонеа длабоко над колениците во мекиот јужен снег ниеднаш не застануваа да почиваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето она го виде само во едно обѕрнување наоколу со својот поглед, со кој ја изнаоѓаше за себе таа просторија, а после веќе ниеднаш не ги оддели очите од бичкијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше празен, додека слушаше како оние двајца продолжуваат да разговараат дека ниеднаш не може добро да се нанишани само по гласот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги чувствуваше сега тие два живота како две напоредни линии, кои ниеднаш не се приближиле ни за една сламка и кои беа секогаш осудени да остануваат најдалечни една од друга, колку што било возможно тоа, колку што го позволувал тоа животот во едно заедничко време и во едно село со доста честите совпаѓања на судбините.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој за сето време знаеше со кого е во оваа шума и во оваа ноќ. Ниеднаш не успеа да го заборави тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговите соселани, неговите соседи, луѓето од Задругата, кои што тој толку многу ги познаваше, што ниеднаш не можеше ни да помисли на нешто вакво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ниеднаш не беше свикнат да не мисли на ловот пред тој да биде уловен и сега се чувствуваше некако празен од таа своја помисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
I. Снегот врнеше целиот ден у бога и небото ниеднаш не порасте над врвовите на највисоките дрвја, но тие тројца постојано продолжуваа да чекорат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со Змејка ниеднаш не проговорија. Ни тој ниеднаш не успеа сосема да ги заборави нив двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше пред себе една таква машинерија, на која можеш само да ѝ се радуваш, таа ниеднаш не ја истенчуваше својата напнатост, во неа беснееше една таква сила, со која можеше да биде рамноправен, а во сето тоа најмногу се радуваше што ни во своите раце,а ни во бичкијата, не можеше да сети ниедна сенка измореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека неколку пати и го погоди, но ниеднаш не очекуваше дека би можел да го совлада.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној младич имаше толку остри зборови, со нешто толку волшебно во нив, што само по неколку вечери можеше да го раскопа пред Змејковите очи сиот мраз, во кој беше стегнат тој живот околу него, а за кој Змејко ниеднаш не бил во состојба ни да помисли дека можел да биде и така соголен, разглобен и покажан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го бараа по градот целото тоа лето, ниеднаш не му влегоа по трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, тој ниеднаш не ги молеше. Тој просто не беше роден за да може да го прави тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сите слушаа: Оној ниеднаш не излегол на улицата без едно одделение борци за лична охрана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Камењата, шметнати, испуштаа црвени огнила, а оној прескакаше над гробовите како да е скраја, ниеднаш не стивнувајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бараше во себе нешто, што би можел да им рече, за да ја прекине таа напнатост, но ниеднаш не изнајде ништо. И неусетно стануваше нервозен од тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ооооооооооууууууууууууу... Плачеше од тоа што ниеднаш не можел ни да помисли дека е возможно да им се биде и волку близок: ним.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ловот никогаш не се ветува, тој ниеднаш не треба да биде измислен, однапред, тогаш тој престанува да биде лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, во тоа не се наоѓаше никаква смисла, а тоа беше она, без кое тој ниеднаш не можел да започне ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако е затворен овде, ниеднаш не беше викнат за што и да било кај управителот на затворот. Заборавен, да.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама, ниеднаш не ме потплаши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)