ниеднаш (прил.) - дотогаш (прил.)

Отидоа, мислеше, а знаеше сигурно дека ниеднаш дотогаш не ги сетил толку блиски, оние двајца луѓе, како во тие мигови, додека го следеше нивното исчезнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука ниеднаш дотогаш не било со него така; секогаш бил барем оној шум.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Општеше само со рацете, а својата работа ја засака како ниеднаш дотогаш. Тука го запозна и него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)