нешто (прил.) - слично (прил.)

Деновиве нешто слично се случува и со Петре Прличко. Се мислам дека таква судбина ќе ги стигне и веќе починатите: Џувалековски, Илија Милчин, Вукан Диневски итн.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Особено во раните утрински часови, кога река од вработени се уптатуваат кон фабриките, продавниците и установите, и - во доцните вечерни часови, кога Будимпешта продолжува да живее во илјадниците ноќни локали, барови, бистрои и во најчуениот ноќен локал „Мулен Руж“, нешто слично на оној од парискиот кварт Пигал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А немојте ни да помислувате да одите кај надрилекари или нешто слично.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За маказарчани секогаш бев, и сега сум, само дете од нивното место, никако пророк или нешто слично, а сепак тајна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ѕидовите повторно ќе ги бојадисуваме, (Шукри заминува, гледам во нозете што ги вртат педалите, колку пати ќе му е потребно до аголот?), а на местото на орманот, ќе ставиме софа или нешто слично за седење (само 17 или 18, мене ми се чинеше подалеку), нешто комфорно, елегантно, а практично.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Патем речено не сум сигурен точно дали се викаше пионерска заклетва или нешто слично, и не гарантирам во врска со точноста на извадокот од неа на почетокот на текстов.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
(Нешто слично ми се имаше случено само уште еднаш; имав слаба по математика, во втора година: Земанек ме тешеше, и ми даде една книга под наслов „Космос“, од Карл Сеган; таму се расправаше за нови, незнајни светови; се тврдеше дека секоја секунда изумираат милијарди и се создаваат уште толку нови светови; тогаш за првпат ми стана смешен проблемот што го имав со слабата по математика).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше некакво претчувство како онаа долинка отаде да беше полна, нешто слично како кога се држи в рака полн орев, а знаеше дека тоа претчувство не му е потребно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сочинета од маглив превез или нешто слично, превез кој наеднаш се растопува и исчезнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам дека ме следеше празната насмевка на Јана додека ги слушав зборовите чија што намера ми беше позната и пред да бидат изречени Неговиот роденден те интересира? Само тој?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
12 Нешто слично се случуваше и кај нас: основните поттици што можеа да се најдат во прозното творештво пред една литература во нејзиниот синхрон миг на раѓање и на подем, беа инспирациите од фолклорот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој го повторува тоа секој ден. Сѐ едно исто - или нешто слично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И навистина, излезе нешто слично, но не наполно онака како што си замислуваше Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)