нестрпливо (прил.) - го (зам.)

IX Мајка нестрпливо го очекуваше Татковото враќање од Судот. Го препознаваше од далеку благиот тупот на неговите час забавени час забрзани чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Едо наскоро во „Шоферското излегувалиште“ се почувствува како да доаѓа дома каде што нестрпливо го чека домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кријам глава зад двете близначки пред мене, им ги фаќам пополека двете крајчиња од нивните плетенки,ги врзувам во цврст јазол и нестрпливо го чекам ѕвончето. Доаѓа и тој миг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Па нека стигнат, кај што ќе стигнат, без да ја одредат однапред целта. И еве, Климент Камилски, со Пандориното куферче преполно со книги, записи, се упатуваше кон чардакот, каде што нестрпливо го очекуваше Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Соседот го извади саатот од појасот, нестрпливо го погледна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)