нестрплив (прил.) - го (зам.)

А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Добро паметам дека сега нестрпливо го чекавме да се врати поради камбаната.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Заминувањето на Ѓупците од селото секогаш беше со кавги, но штом ќе ги немаше подолго време, луѓето чувствуваа некаква празина во себе, некаква штурост и нестрпливо го очекуваа нивното доаѓање.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како се чувствуваше во тие нови околности за разлика од оној ден кога нестрпливо го очекувал потврдниот одговор на жената која веќе му ги имала испратено првите знаци на љубовта?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ушите никој не ги стискавме со прсти, туку нестрпливо го очекувавме пукотот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ние нестрпливо го очекувавме мигот да се поведе разговор за Чанга и козите. – Чанга се врати – прифати татко ми – но проблемот со козите останува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да видиме што зготвила неговата кучка за ручек! Сигурно не е без баклава!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од збор до збор, од препирка до препирка, се слушна и оној предлог што изгледа сите нестрпливо го очекуваа: "Кај комесарот, жени, кај комесарот дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Каква смисла треба да има најавата за разговор што јас и без тоа нестрпливо го очекувам?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Постојано купуваше лозови и нестрпливо го чекаше денот на извлекувањето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)