непромислен (прил.) - го (зам.)

Хомосексуалноста има особен, посебен однос кон културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е однатре, нужно на страната на културата. ‌Зашто, што е културата ако не отклонување од природата, од зададеноста на светот, особено од зададеноста на општествениот свет, од очигледноста на човечкото постоење и од сето она што има врска со него, а што непромислено го земаме здраво за готово?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Работата е во тоа што хомосексуалноста, покрај тоа што претставува напуштање на природата, односно отпор кон она што важи за природно, покажува и доследна склоност кон културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексуалната различност и дисидентност веројатно може да биде појдовната точка за покатегорично, посвесно, попрагматично застранување од природата и од сѐ што во општествениот свет важи за природно. ‌„Секогаш кога говорот или движењето или однесувањето или предметите покажуваат извесно застранување од најдиректниот, најполезниот, најмрзеливиот начин на изразување или суштествување во светот“, напишала Сузан Зонтаг пред речиси педесет години, „можеме да сметаме дека имаат ‘стил’“.473 Без стил или облик, нема такво нешто како култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самото нејзино постоење го драматизира функционирањето на културниот поредок, а не на природниот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)