непријатно (прил.) - чувство (имн.)

Имам непријатно чувство, едно, што не му излегов во пресрет на претседателот зашто тоа божем била една важна општествена работа, не знам каква но важна и, друго, што не знам дали Сатирот ми го стори тоа или ќе ми го стореше.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имам непријатно чувство во устата, јазикот сам почнува да прави бавни, неволни движења, што се повторуваат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таквото непријатно чувство, верувам дека смеам да го наречам непријатно, и оној срам, што самите го спомнавте, всушност биле опомена од Севишниот дека го имате избрано грешниот пат, ме прекина Никола Леко, и покажа со прстот угоре.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На тие што првпат започнуваа да се судат, за да ги ослободи од непријатно чувство што ќе одат по судови, им велеше: „А што ќе правиш... Така е создаден светот... преку делби...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можам да престанам да трчам, чувствувам дека кога се движам вака, летам. 24.30 Во некој ноќен клуб во Вест Енд (West End).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)