непосреден (прил.) - пред (предл.)

Тој, навистина, му пишуваше на Али Фети, токму во времето кога тој беше министер за внатрешни работи, непосредно пред да биде испратен во заточеништво од англиските окупатори на островот Малта, но Татко не веруваше дека тој некогаш го примил неговото писмо пишувано со младешка жар и искреност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За разлика од САД, британските политички и економски интереси во земјите на југоисточна Европа непосредно пред и по Втората светска војна не можеле да ја остават Велика Британија незаинтересирана за судбината на тој дел од светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и тоа трае само за миг, всушност, како непосредно пред мојата порта да се отвора дворот на мојот болен пациент, веќе стигнав таму; коњите стојат мирно; снегот престана да паѓа, околу мене месечевата светлина; родителите на болниот итаат низ куќата; сестра му по нив; речиси ме креваат од колата; од нивните збркани зборови не можам ништо да разберам; во собата на болниот воздухот одвај може да се дише.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој контекст, непосредно пред и по завршувањето на Втората светска војна, бил поставен и британскиот интерес спрема Македонија, интерес којшто бил дел од значајните политички движења без кои е тешко да се разбере повоениот развој на Балканот и пошироко на југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)