непознато (прил.) - потекло (имн.)

Залудна е надежта на птиците за дом на билбордите и залудно е моето липање по липата во цут На улиците протестира бесната толпа: Уапсете ја убавината! Уапсете ја убавината! * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)