неочекувано (прил.) - го (зам.)

Негде, од зад долот од кој доаѓаше шушкаво клокотење на вода, плисна густо јато диви гулаби, ја прелета првата шумичка, но неочекувано го промени правецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А.А., за мене неочекувано го замени вообичаено негативниот пристап со неутрално, реално претставување на православната компонента во албанскиот идентитет: - Христијанското албанско православје и покрај тоа што постои уште од I век од новата ера, првата православна литургија на албански јазик се одржала во Бостон, во државата Масачусетс (САД) во 1908 година во редот на група албански емигранти предводени од албанскиот преродбеник Фан Ноли (1882 – 1695), подоцна делегат во Лигата на народите, архиепископ на независната Православна црква на Албанија, а во еден период и премиер на Албанија, врвен поет, преведувач на Шекспир и Сервантес на албански јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Сакаш, малечко копиле, а? неочекувано го одбутнала од себе. - Самиот ако го сториш тоа, не е грев, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе и самиот ја стиснал со обрачот на своите раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наместо нешто во врска со името, таа неочекувано го праша: „Те чека ли во Скопје нешто неодложно?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)