неочекуван (прил.) - го (зам.)

Негде, од зад долот од кој доаѓаше шушкаво клокотење на вода, плисна густо јато диви гулаби, ја прелета првата шумичка, но неочекувано го промени правецот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А потоа неочекувано го крена ранецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ти си тука? – се свртев лево – десно, изненадена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На враќање од таму неочекувано го пречекаа двајца корпулентни типови со крапински изглед кои го застанаа и како у вестерн филмовите му извадија пиштол.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со еден замав, како да го вежбал овој потег со денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност нив ги збунуваше тоа што Су, која што на сите им беше драга и неостварливо посакувана, неочекувано го избра овој новодојденец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто си даваш отпор себеси, Бреза? – неочекувано го слушнав мекиот и полн со разбирање, тивок а авторитетен глас на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Господинот Гроздановски неочекувано го здогледа кучето веднаш зад стопанот со втренчен поглед во него и со опашката разиграна, некако потскокнувајќи од место, како семким токму него да го очекувало.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)