неопходно (прил.) - потребен (прил.)

Веќе сте големи, знаете како им е на родителите и не барајте од нив она што не ви е неопходно потребно!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Свесно да се кажуваат лаги и истовремено искрено да се верува во нив, да се заборава секој факт што станал непожелен, а потоа, кога ќе биде повторно потребен да се извлече од заборавот за онолку време за колку што е потребно, да се одрекува постоењето на објективната стварност и за сето време да се води сметка за стварноста што се одрекува - сето тоа е неопходно потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без разлика на тоа што мислеа другите, дури и оние што му беа најблиски, тој навистина веруваше дека е неопходно потребно да влезат во владата за да сторат сè да се зачува земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но никогаш не сметаше дека е неопходно потребно да се запише вистината за Него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сосема е очигледно дека во нивните "цртања" на повоената карта немало место за Македонија како самостојна, независна и обединета македонска држава, пред сè имајќи предвид дека набележаните цели во меморандумот на Идн, со мали измени, биле имплементирани на Јалтската конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Притоа се истакнало: "...по сè изгледа, тоа претставува единствениот можен и конструктивен метод со кој можеме да се надеваме да му се спротивставиме на ширењето на руското влијание на Балканот, ако навистина сметаме дека е неопходно потребно од наша страна да се преземат специјални мерки за да се направи тоа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)