необично (прил.) - и (сврз.)

Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Песната „Две тишини“ е поетска мајсторија при која се ѕидало со прости тули, а се добила невидена палата, или, поинаку речено, делничните зборови се изложени на толку необично и несекојдневно (ретко!) сонце што фрлаат сенки начичкани со недобројни значења.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, и тоа какво лето! Необично и неповторливо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Една песна е една порака, необично и отворено писмо на еден човек до илјадници луѓе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)