необично (прил.) - долг (прид.)

Имаше необично долги брадавици со по неколку влакенца по страните, расфрлани во чоколадно кафеавите кругови порабени со нешто посилен тон во бојата што реско ги изделуваше од тенот прелиен на останатиот дел од цицките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Господинот беше на возраст од педесет и две години, со танки мустачиња и големи уши, високо потстрижен, со необично долги кркми, на средината благо разделени и, речиси, залепени на левиот и десниот дел од челото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја гледав како прв пат да ја гледам: нозете ѝ беа необично долги и складно пополнети, со правилни облини кои повторно го раздвижија кај мене за миг замрениот механизам; првин морници ме полазаа по снагата, а потоа бран топлина ме облеа, како плиснат пламен од градите кон лицето, на челото, по темето; се испотив и речиси во истиот миг потта ми олади, се здрвив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кон крајот на педесетите години на гробиштата на Донскиот манастир, кој е во близина на издавачката куќа „Мисла“ и токму наспроти лудницата Соловјев, можеше да се забележи еден необичен маж.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Има широки, за неговите куси нозе и тесно газенце, необично долги, два или трипати подвиткани војнички панталони, цокули долги и широки како лопата, војничка блуза до над колената и капа што му се потпира на ушите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)