ненадеен (прил.) - ќе (чест.)

Иако имаше добар изговор да дојде тука, на секој чекор беше прогонуван од стравот дека некој од црноуниформираните стражари ненадејно ќе се појави од зад аголот, ќе му ги побара документите и ќе му нареди да го снема.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не очекуваше дека времето ненадејно ќе се расипе.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се плашеа од него, па кога ненадејно ќе се појавеше на плажата, одеднаш ќе се создадеше необична забрзаност: почнуваше панично викање, мајките ги довикуваа своите деца и ги засолнуваа подалеку од брегот, во безбедност.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Колку пати татенцето ненадејно ќе дојдеше, колку пати демнеше, ама сѐ попусто му беше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, секогаш кога трчајќи ненадејно ќе налетам на тивка уличка која како да не му припаѓа на бучниот град, ме обзема необјаснив страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Многупати се случува да настрада кутриот од некое мувиште што ненадејно ќе му влета в уста.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се прегрнавме топло, како што тоа често се случува кога ненадејно ќе се сретнат двајца другари од училишните години.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Многупати се случуваше да настрада кутриот од некое мувиште што ненадејно ќе му влета в уста.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Габриел Гарсија Маркес САКАВ САМО ДА ТЕЛЕФОНИРАМ22 Едно врнежливо пролетно попладне, изнајмениот автомобил на Марија де ла Луз Сервантес, која патуваше сама до Барселона, се расипа во пустината Монегрос.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој ненадејно ќе посака да им се посвети на други, непогрешливи, подобри планови?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)