немо (прил.) - го (зам.)

(Борис немо го слуша својот глас. Долга пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Неговиот пријател сè уште немо го гледаше неговиот излив на бес.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гавранот, со натчовечки број децении под избледените и пак несветкави пердуви, е безгласен; стои на гола липова гранка над мене и немо го отвара клунот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ уште ретките живи сведоци го паметат тој далечен, кобен чин на омразата, подлоста и неизбришливиот резил, но обессилени од стравот, немо го врват патот долж ’рѓосаната бодликава жица...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
САЗДО: Проштевајте...јас секако ви пречам но морав да дојдам. Лудиот немо го посматра.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Луѓето немо го заколнувале: раскажи, честит стрико, што си видел, и ние, ако нѐ посоветуваш, ќе му свртиме грб на овој безбожен мрак, со пеколот не се војува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќерка му немо го гледа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако не можеле да му го препознаат лицето на видовникот, луѓето знаеле дека престарите очи со конци крв околу себе догледуваат сѐ и сѐ знаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)