неколкупати (прил.) - го (зам.)

Но целта беше постигната. Заптиите мудурот од Витолишча неколкупати го прашаа зошто седи тука, а тој им ги покажа алатите и „дуќанот" и тие го оставија на раат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За време на своите контакти со грчките политички личности капетанот Мекдоналд неколкупати го покренувал прашањето “на грчката подготвеност да изгубат територија во корист на Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Баба ми неколкупати го убедуеше Шољича да проба од домашните назлифатми и да не се срамуе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во миговите кога беше сама, доаѓаше таа да ја потсети, враќајќи ѝ го она кое неколкупати го фрлаше во темниот понор на заборавот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кид и Св.Витус можат да бидат симпатични мајтапчии, но и зли техно-силеџии. На една од нашите средби неколкупати го спомнуваа бројот на мојата кредитна карта и дофрлаа некои податоци во врска со моите родители. Ми нудат „целонеделен тест“ со кој директно ќе искусам како можат некому животот да му го претворат во пекол. Велам дека и без тоа им верувам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Долго молчевме. Јас седев како здрвен, а тој стануваше и седнуваше, неколкупати го правеше тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одекна истрел, а долината го прифати и неколкупати го повтори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А замислете си, таа лесно препознатлива скапоценост од мојот спомен, наеднаш, во едно обично работно утро го забележав на вратот на Деса, секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Малку подоцна, додека службеното лице ја отвораше затворската порта, го слушнав како му објаснува веројатно на некого од чуварите, дека јасните чекори ноќе што убаво се слушаат, не зборуваат за бељи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи можеш да му речеш доброутро на новиот ден - вели Денков без да го поткрене погледот од листот што изгледа неколкупати го има прочитано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од мракот ме превтаса и нечие придушено смеење. - Не застанувај, Иване.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ѓердан неколкупати го имав држано и во рацете.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тој податок си можел да го добиеш само од мајка ти, од никој друг - рече Даскалов. – Се разбира можеш да го добиеш и од тој твој несуден татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Најинтересното од она што го кажа жената во возот беше спомнувањето на името на еден од главатарите на единицата - собрав сили да го изнесам и последниот податок што Огнена, таму, во купето, неколкупати го повтори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја зема хартијката од масата и ми ја подава. -А овде, потпишете се.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Старецот неколкупати го сонував.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не изостана и денешното време за кое поп Стерјо неколкупати го искажа сомневањето за опстојувањето на Република Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Она што се случуваше на улицата, а и овде, на катов, она што веќе неколкупати го нареков грд сон што не би сакал никогаш да се повтори, беше само дел од таа долго подготвувана приредба. Не чудете се поради употребата на овој израз.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го зема клучето што му беше околу вратот и го стави во ситната брава на машината. Потоа неколкупати го сврти. 34
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)