неколку (прил.) - ред (имн.)

Имав дваесетина години (што значи дека тоа било многу одамна), кога, еден ден, во универзитетската библиотека прочитав статија од едно списание во која беа цитирани неколку реда од Макс Пикар, филозоф, германски Евреин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И што да напишам? Во машината до мене стоеше ставен лист хартија, потсетник на мојата неостварена повест, на кој сега отчукав неколку реда, повторување на зборовите што ги рече денес Вангел: „Сега, Симон, нема што, утре заминуваме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иследниците сигурно не заборавиле да ги земат па дури и да ги прочитаат оние неколку редови од тоа спомнато незавршено писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И, додека се групираа во поворка во неколку реда чекајќи да свирне кларинетот, се подместуваа и погледнуваа во бовчите кои ги носеа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вие сте значи првиот писател кому се охрабрив да му упатам неколку реда, и тоа по повеќе месеци двоумење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Темна маса со изгасната глазура, неколку редови книги зад стакло, позната репродукција, црна виолинска футрола в агол.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)