неколку (прил.) - работа (имн.)

До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Баш сега е во еден таков процес. Ткае на неколку работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас тогај побарав неколку работи од неговото величество, а сѐ за доброто на луѓето од нашите краишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред да излезе од манастирот, новиот игумен му рече: „Имај на ум, Петре, неколку работи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)